Верифицирано

За кого е измислен Голи Оток

08:50 Jul 12 2022 Скопје

За кого е измислен Голи Оток
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Twitter, поконкретно на твитер профилот @Jovanowsky. Говор на омраза е политички мотивиран и е насочен кон одредени политички припадници, новинари, членови на невладини домашни и меѓународни организации. Твитот гласи: „Голи Оток бил измислен за џукели од типот на Колозова, Зоран, Видана, Васиљи, Хелсиншки, Сороси и слични шарени фекалии кои го загадуваат општеството.
Ататурк и Тито многу добро знаеле што треба да се направи за да имаш држава. Од своите се почнува па после другите.“, на што следат низа на коментари исполнети со говор на омраза. Дел од коменатарите и ре-твитовите се следниве: „само Голи Оток ни треба сега...“, „Така ке го изградим чистиот идентитет на една чиста раса - антички Македонци со Северномакедонски език!“, „и таму ќе бидат на терет на народот...“, „јавно како Чаушеску,па за памет на секој следен што ќе помисли на предавство.„ и сл.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Твитер

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN -1