Често поставувани прашања
Што е www.govornaomraza.mk?
www.govornaomraza.mk е интернет платформа, креирана како дел од активностите предвидени во проектот „Мапирање, анализирање и преземање мерки против говор на омраза во Република Македонија“ што се спроведува од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy - NED) од Соединетите Американски Држави.Цел
Основна цел на интернет платформата е на граѓаните да им овозможи пријавување на сите случаи на изразување во кои постојат елементи на омраза поради припадноста на човекот, односно луѓето кон одредена група или заедница. На корисниците на платформата им се овозможува да препознаат говор на омраза преку примерите достапни на табот ПРЕПОЗНАЈ ГОВОР НА ОМРАЗА, како и преглед на веќе доставените пријави, категоризирани по посебни кривични дела. Крајна цел на оваа платформа е подигнување на свеста на граѓаните за феноменот говор на омраза во јавниот простор, што ќе им помогне да му се спротивстават, а со тоа и ќе го спречат неговото ширење во општеството.Како функционира www.govornaomraza.mk?
Овaa платформа функционира врз основа на пријава на граѓаните за случаи на говор од омраза. Можете да пријавите на неколку начини:- Преку интернет формуларот, преку кој може да испратите и фотографија или видео
- Преку е-пошта: [email protected]
- Преку #govornaomraza на twitter
- Преку Android или iPhone апликација
Важни забелешки
Дали е задолжително да ги наведам моите лични податоци во пријавата?
НЕ. И анонимната пријава, во која не се наведени Вашите лични податоци се прифаќа и може да биде објавена на оваа платформа.Дали моето име ќе се појави на www.govornaomraza.mk?
НЕ. Потврдената пријава и деталите за настанот ќе се појават на платформата, но личните податоци и ставови за настанот, ќе останат анонимни за јавноста.Како се појавуват и филтрираат пријавите на платформата www.govornaomraza.mk?
Известувањата за определен настан се појавуваат на порталот во рамки од 5 km од пријавената област, а се филтрираат според категории и според тоа дали се Потврдени/Непотврдени. Единствено одобрените пријави може да се појават во листата на случаи.Сите прашања, проблеми или критики можете да ги пратите на [email protected] или пак можете да не контактирате преку телефонскиот број +389 2 3119 073 и +389 2 3290 469