Поимник
Со овој поимник сакаме да Ви помогнеме да ги разберете поимите кои ги употребуваме на порталот и категориите на кривични дела и инциденти предизвикани од омраза, кое ќе придонесе за полесно поднесување на пријава. Доколку сметате дека поимите не се доволно појаснети и имате тешкотии во разбирање на одреден поим, Ве молиме да ни пишете и да ни ги посочите поимите за кои сметате дека треба дополнително објаснување.
Што е говор на омраза?
Секој начин на изразување кој промовира омраза кон едно или повеќе лица поради нивните лични карактеристики или припадноста кон одредена група или заедница.
Кој може да биде жртва на говорот на омраза?
Секој може да биде жртва на говорот на омраза, поради тоа што омразата може да се постои поради различни основи, односно поради расата, бојата на кожата, родот, припадноста на маргинализирана група, етничката припадност, јазикот, државјанството, социјалното потекло, религијата или верското уверување, други видови уверувања, образованието, политичката припадност, личниот или општествен статус, менталната или телесната попреченост, возраста, семејната или брачната состојба, имотниот статус, сексуалната ориентација, родовиот идентитет на луѓето.
Како може да се манифестира говорот на омраза?
Освен преку директен говор, може да се изрази и преку испишување на навредливи симболи, графити, цртежи, преку палење на знамиња или верски симболи, преку делење на летоци со содржина која поттикнува омраза по било кој основ.
Каде може да сретнеме говор на омраза?
Говорот на омраза е присутен насекаде - на телевизија, радио, во пишаните медиуми, интернет порталите, интернет просторот, социјалните мрежи, во политичките говори и други јавни обраќања, во училиштата, на јавните собири - митинзи, протести, во јавниот простор, на спортски натпревари.
Што претставува предизвикувањето на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост?
Предизвикувањето на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост претставува кривично дело според кое оној што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетеување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни согласно закон.
Што претставува загрозување на сигурноста по пат на информатички систем поради личните карактеристики или припадноста на одредено лице на одредена група или заедница?
Ваквиот начин на загрозување на сигурноста претставува кривично дело, според кое тој што по пат на информатички систем ќе се закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна против некое лице поради нивната припадност на одреден пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни согласно закон.
Што претставува ширењето идеи за супериорност на една раса над друга или пропагирање на расна омраза или поттикнувањето на расна дискриминација?
Дискриминацијата во својата суштина подразбира нееднаков третман кон човекот/луѓето поради определена негова/нивна карактеристика. Дискриминацијата претставува кривично дело и е забранета со Кривичниот законик, кој, покрај останатите одредби, предвидува дека оној што шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или поттикнува на расна дискриминација, ќе се казни согласно закон.
Што претставува ширењето на расистички или ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем?
Претставува кривично дело според кое оној што во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Што претставува одобрувањето или оправдувањето на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства?
Претставува кривично дело, според кое тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, ги минимизира, ги одобрува и оправдува геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства со намера да поттикне омраза,диксриминција или насилство против некое лице или група лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни согласно закон.
Што претставува излагањето на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците?
Излагањето на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците претставува кривично дело, според кое оној што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Република Македонија, ќе се казни согласно закон.
Механизми за заштита
Министерство за внатрешни работи
Кривичното дело говор на омраза, може да го пријавите во Министерството за внатрешни работи. Говор на омраза на социјалните мрежи, можете да пријавите до одделението за електронски криминал при Министерството за внатрешни работи. Говор на омраза на спортски натпревари, можете да пријавите на полициските службеници присутни на натпреварот или пак во Министерството за внатрешни работи и да барате преземање на мерки согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.Јавно обвинителство
Комисија за заштита од дискриминација
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
- да донесе решение со кое ќе го опомене;
- да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка во случај кога и покрај донесеното решение за опомена продолжува со вршење на истата повреда за која е опоменет, во текот на годината;
- да поднесе кривична пријава;
- да достави предлог до Советот за одземање на дозволата, или да донесе