Препознај говор на омраза
Кои се најчести основи за говор на омраза во нашето општество?
Најчести основи за говор на омраза се националната, верската, етничката, политичката припадност и сексуалната ориентација. Не изостануваат ни мизогинијата - омразата кон жените, и трансфобијата - омразата поради родовиот идентитет на лицето (трансексуални и трансродови лица).Кои зборови најчесто се употребуваат во случаи на говор на омраза?
Најчесто употребувани зборови/реченици кои се препознаваат како говор на омраза во нашето општество се:смрт за шиптари, каури, педери, племе шиптарско, гасна комора за шиптари, македонска кучка, курвинска кучка, ороспија, копиле педерско, копиле македонско, умри циган смрдлив, курви предавнички, антимакедонци сите да умрете, славомакедонци, циганска работа, да се запалат сите предавници, да се набијат на колец сите педери, двоцевки, комуњари, предавници и други.
Примери на говор на омраза
„Нова провокација во Тафталиџе со нов натпис - Смрт за каури"„Во Кичево графити - Смрт за шиптари„
„На џамија во Нерези испишано Македонија, МКД"
„Повик до муслиманите во Чаир да не слават Нова Година"
„Пречкртана кириличната верзија на знаците во Маврово"
„Прекин на финалето поради навредливи скандирања"
„Кукасти крстови во Битола на годишнината од депортацијата на Евреите"
На врата на ЛГБТ организација непознати сторители со спреј напишале “Тремити“ - место каде Мусолини ги испраќал во прогон хомосексуалците од Италија.
Дел од соопштенијата на Здружението на новинари на Македонија во врска со говорот на омраза
Реакција на емисијата за Мијаците на МТВ - 11.06.2011 година„Станува збор за емисија во која му е даден 30 минутен простор на Петар Поповски авторот на книгата „Крваво досие“ каде тој, меѓу другото, за Гегите (Албанците) вели дека: „општопознато во науката и дефинирано, дека е тоа криминогена нација“. Советот едногласно заклучи дека во овој случај, под маската на презентирање на „научна студија“ и е даден публицитет на една несомнено шовинистичка теорија која шири омраза и етничка нетрпеливост, што е за најостра осуда." Целосно соопштение
Реакција на емисијата „Јади бурек" - 29.08.2008 година
„Трендот на бруталната пресметка со неистомислениците преку медиумите добива загрижувачки размери. Говорот на омразата не е манифестација на правото на слободата на изразување туку негова злоупотреба и негација. Она што беше искажано во рамките на емисијата „Јади бурек“ од страна на Драган Павловиќ Латас, како што е посочувањето на нечија национална припадност како дисквалификација, лични закани, но и повик до другите исто да реагираат е класичен пример на „говор кој изразува и продуцира омраза“. Советот на честа не може да прифати на новинарите да им биде доделена улогата на поттикнувачи на насилство." Целосно соопштение
Реакција на објавување на списоци на предавници 18.12.2009 година
„Советот на честа при ЗНМ застанува во одбрана на новинарската професија и најостро ја осудува се позачестената пракса на неаргументирано етикетирање на новинари како „предавници“ само затоа што некои нивни ставови не се совпаѓаат со ставовите на одредени групи или центри на моќ." Целосно соопштение
Реакција за анкетата на Вест и Вечер 01.02.2013 година
„Јавното повикување на јавноста да учествува во откривањето на хомосексуалци меѓу новинарите од весникот Вечер претставува јавна дискредитација на новинарите и дискриминација по сексуална определба. На тој начин се поттикнува говор на омраза против хомосексуалците и се нарушува приватноста на новинарите." Целосно соопштение