На социјалната мрежа Twitter, нотиран е говор на омраза од страна на твитер профилот @БаБаРоГ ///////////
(@LepceSoSalamce) насочен кон политичкиот аналитичар Петар Арсовски. На вест објавена од медиумот @СлободенПечат за назначувањето на аналитичарот за почесен конзул во Луксембург, @БаБаРог има напишано твит со наслов: „Се исплати јадењето гомна против Македонија.Сите предавници се наградени со позиции. Фрчко, Денко, Драге, Петар“. На тоа следат низа на коментари и ре-твитови, како што се: „знаееме што стока е..“, „шпион“, „северџанот сака кешарица“, „собери си го Боже..“, „Ветено ..Исполнето од Атлантистите за инсталирање и поддршка на ФАШИЗАМ!!“, „ќе дојде за наплата се“ и сл.