На ден 14.08.2024-та година, на X профилот „@SevernaNikogash“, е објавена слика од пожарите кои во моментот беснеат низ шумите во државава. Сликата е проследена и со напис кој вели: „Ја запалија пола Македонија, шиптарана и комуњара, крв ќе серет наредни 12 години гнаси криминални!“. Ваквата изјава содржи говор на омраза насочен кон припадниците од албанска националност, со зборот „шиптарана“, како и кон сите гласачи и симпатизери на СДСМ, со зборот „комуњара“.