Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Facebook, поконкретно на фејсбук страната на интернет порталот Курир.мк (@kurir). Овој портал ја објавил веста поврзана со Миа Костова и нејзината пријателка. Овој пат насловот е „Миа Костова ја покажа девојката- не се кријат повеќе!“ и во веста се постирани неколку слики од Миа и Тијана. Како и во предходните објави, така и тука испишани се низа на негативни коментари, исполнети со говор на омраза и повици за насилство кон двете девојки. Дел од коментарите се следниве: „оваа болест е лудило, се лечни многу лесно само нема закон, ќотекот од рајот е излезен“, „Инквизиција само враќање!“, „ова се европски гнасотилаци...“, „ИЗРОДИ,ЃАВОЛИ“, „гнасно, неприродно, болно“, „Специјални болни“, „па и за сексуалниот живот на лезбејките да се секираме“ и сл.