Верифицирано

План „Б“ - БЕСИЛКА

16:09 Jul 21 2022 Скопје

План „Б“ - БЕСИЛКА
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Facebook. Говорот на омраза е изразен на фејсбук групата Бојкотирам (https://www.facebook.com/profile.php?id=100064502149652), и истиот е изразен во форма на фејсбук пост кој гласи: „Почитувани бојкотирачи,
Во наредните неколку дена планираме да промовораме и предводиме Иницијатива за покренување на постапка за одржување на два ЗАДОЛЖИТЕЛНИ референдума истовремено:
1. Дали сте #ЗА воведување на смртна казна ☠ за велепредавство согласно член 308 од КЗ?
2. Дали сметате дека преспанскиот и бугарскиот договор претставуваат велепредавство согласно член 308 од КЗ?
Нашиот План "Б" - #Бесилка
Молиме за ваша поддршка СПОДЕЛИ!!!“
На ваквиот пост, следат коментари исполнети со говор на омраза и повици за насилство, како што се: „Јас сум за БРИКС, ова европскиве глупештии да се поништат“, „кој ќе го организира, оние што треба после неговата успешност да идат на бесилка...“, „да и тоа со скалпер дерење...“,и сл.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0