Верифицирано

Палење на предавниците

10:36 Jul 13 2022 Скопје

Палење на предавниците
Опис
Нотиран е говор на омраза на социјалната мрежа @Facebook, поконкретно на фејсбук страна на ТВ Алфа (@AlfaTelevizijaMk). Говорот на омраза е поврзан со моменталните протести против Францускиот предлог, кои се одвиваат во нашата држава, а предизвикан е од видеото од палањето на транспарент со слики на пратениците од владеачкото мнозинство, кое ТВ Алфа го споделила на социјалните мрежи. Коментарите под објавенето видео се исполнети со говор на омраза и повици за насилство насочени кон пратениците на владеачкото мнозинсто, односно како што се вели во коментарите „предавниците“. Коментарите се следниве: „да не се забораваат и тие за Преспанскиот, и тие треба да горат“, „смрт за предавниците, слобода за народот на Македонија“, „вака ќе горат во пеколот“, „живи да се запалат“, „сите по едно кило бензин да ја завршиме работата“, „запалете ги тие во зградата, да горат како глувци...“, „смрт за комуњарите предавници“, „земете ги предавниците северџани и ставете ги во огнот...“, „бандитите комуњари пепел да ги направиме“ и многу други слични коментари.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0