ui_main.verified

Детски настап со симболи од „голема Албанија“ на МРТВ2 објави Скопје1.мк

11:10 Mar 29 2026 Скопје

ui_main.reports_description
Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.

Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.

— реклама —

Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.

— реклама —

Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија. Емитувањето на ваков настап на јавен сервис ја отвори дилемата за границата меѓу културен израз и политичка симболика, особено кога станува збор за програма во која учествуваат деца. објави Скопје1.мк
ui_main.additional_data
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа
Вид на говор: Говор на омраза

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Телевизија

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


ui_main.credibility: UP DOWN 0