Опис
Со ништо непредизвикан, бившиот бугарски европратеник и ексамбасадор во Скопје со нова доза антимакедонски пораки
Со ништо непредизвикан, некогашниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, со нова доза антимакедонски пораки.
„Ова е уште еден македонски циркус – така изгледа однадвор, но во секој случај, ова е реакција, резултат на политиката на антибугаризмот во Северна Македонија“, го коментира Јорданов за тамошната Нова ТВ скандалот што избувна со српската турболко-ѕвезда Светлана Ражнатовиќ-Цеца и бугарското знаме што го нагрна во Велес.
„Би рекол дека романтиката за која зборуваше нашиот тогашен претседател Петар Стојанов во тоа време остана во далечното минато. Не знам дали се движиме напред или се враќаме назад, но сум убеден дека мораме да ја браниме нашата историја и култура – секоја европска нација го прави ова и им го должиме тоа на нашите предци“, рече тој.
Според поранешниот европратеник, антибугаризмот станал политичка валута во Скопје, а Бугарија предолго била пасивен набљудувач.
„Не можам да ги наречам Бугарите и Македонците два народа. Според мене, тие се еден народ“, вели тој, додавајќи дека сите херои на кои денешна Македонија е горда – Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Пере Тошев – се дефинирале себеси како Бугари, учеле во бугарски училишта, пишувале на бугарски јазик. „Ако му го дадеме ова сеќавање на некој друг, утре ќе мораме да му објасниме на светот кои сме“.
За него, најстрашното достигнување на мaкедонската политика е тоа што успеала да подели еден народ. „Еден татко не може да создаде два народа“, метафорично вели Јорданов. „Сите Македонци знаат дека нивните предци имале бугарски идентитет“.
Повеќе податоци
| Кривични дела: | Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците,Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа,Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем |
| Вид на говор: | Вознемирувачки говор/Сексуално вознемирување |
|
|
|
Место каде се случил говор на омраза
| Медиум: | Интернет портал |
| Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: | Expres.mk |
|
|
|
|
|
|
|
Незадолжителни податоци – Опис на сторителот
| Приближна возраст: | 62 |
|
| Тежина: | 100 |
|
|
| Веродостојност: |
 |
 |
0 |
|
Повеќе пријави
13:00 Dec 27, 2016
Скопје, 0 Kms
22:12 Apr 13, 2014
Фејсбук, 0 Kms
12:00 Apr 09, 2014
Скопје, 0 Kms
13:09 Mar 22, 2018
Скопје, 0 Kms
13:21 May 19, 2014
Скопје, 0 Kms