ui_main.verified

Меџити: Скандирањето на Градски не беше антимакедонско

08:12 Aug 9 2025 Скопје

ui_main.reports_description
Говорот на омраза претставува сериозна закана за соживотот и демократијата, особено кога се појавува во јавниот простор, како што се спортските настани. Такви беа и два неодамнешни случаи: на кошаркарскиот натпревар во Куманово и на фудбалскиот натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во Куманово, дел од публиката скандираше расистички и антималцински пароли, меѓу кои и „За Шиптари гасна комора“ – порака што недвосмислено претставува говор на омраза со антиалбански карактер. Само неколку дена подоцна, на натпреварот Шкендија – Карабах, навивачката група „Балисти“, поддржана од делови од публиката, скандираше „Илирида“ – политички концепт кој повикува на територијална прераспределба во корист на етничките Албанци, што официјално се смета за иредентизам и антимакедонска порака.
ui_main.additional_data
Кривични дела: Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците,Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа,Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем,Одобрување или оправдување на геноцид злосторства против човечноста или воени злосторства
Вид на говор: Говор на омраза

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Интернет портал
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: 360 степени и други медуми

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот

Приближна возраст: 50
Боја на коса: црна

ui_main.credibility: UP DOWN 0