Верифицирано

Пријава на недолична содржина-Мандар

04:52 Nov 8 2024 Скопје

Опис
Типот се вика Васил т.н. Мандар со YouTube канал именуван MANDAR. Сам кажува јавно дека е фашист/нацист и во многу наврати скоро секогаш јавно го величи Хитлер на live stream на неговиот канал и исто така зборува за враќање на фашизмот/нацизмот и формирање на Нацистичка Општествена Партија на Македонија.

Пушта песна за сотрување на албанците, протерување, во однос на конфликтот од 2001 год. Еве го конкретниот линк, тоа се случува на временска точка на 1:15:40 :
https://www.youtube.com/live/60WCCYgXpkE?si=NoYgHAsjKzatqdCY&t=4541

Истата песна ја пушта многу често на live stream "кафана" епизоди кога прави, и исто така често ја става во позадина кога објавува поединечи видеа.

Зборува се најлошо за ЛГБТ+ заедницата поистоветувајќи ги со педофили, злосторници И ред други работи продолжувајќи со тој наратив. Употребува експлицитни слики. Временска точка во видеото за случkата е 1:06:10 :
https://www.youtube.com/live/rXKH1yDmGBs?si=J05QLov30eUwbMCS&t=3971

Типот испукува рафали со автоматска пушка на YouTube livestream додека пушта националистичка музика со националистички текстови против етнички групи, шири антисемитизам, зборува за убивање, и ред други недозволиви работи за 21 век.
Еве го линкот до тој livestream:
https://m.youtube.com/watch?v=8v-07S_Q574&pp=ygUGbWFuZGFy

После таков livestream става опција да може по завршувањето на преносот во живо, да го гледаат одпосле само членовите кои се претплатени со по ~60 денари членарина на неговиот јутјуб канал, се со цел другите да не го забележиме и пријавиме, а тие кои се негови членови се сите како него фашисти/нацисти (сам го има кажано и потврдено тоа во живо на јутјуб), и споделуваат во чат свастики, портрети на Хитлер и такви работи за време додека оди livestream-от.

Исто така во други наврати на друг live stream кажувано има како да можел би ставил регистатска табличка на колата со годината на раѓање на Хитлер и иницијалите Како [SK 1889 AH], како бил фан на Лацио ФК затоа што немало други раси на играчи освен белци во екипата, сериозно го кажува тоа. Исто како знакот на Баерн Минхен од 1940 со нацистичка свастика бил најдобар. Зборува против Роми, Албанци, Турци, Грци, муслимани, кажува како би кршел глави на други раси од тротоар со вилицата отворена како што правел фашистот лик од филмот American History X.

Става напомена дека содржината била за 18+ и како бико за хумор ни ако ја следите содржината ќе видите дека тоа не е хумор и немислам дека таа напомена која ја става го оправдува тоа што го пропагира.

Навистина неадекватно за во 2024 година да ги труе младите вака. Налет тоа за време на тие простачки и навредувачки работи додека зборува употребува песни од артисти од Македонскава естрада и ги срами и нив.
Линк од вести
https://www.youtube.com/@_mandar_v
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Интернет портал
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: https://www.youtube.com/@_mandar_v
Дали пријавивте на друго место?: Не пријавив на друго место

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0