Верифицирано

Турските инвестиции се канцер на нашето општество

14:27 Oct 22 2024 Скопје

Турските инвестиции се канцер на нашето општество Турските инвестиции се канцер на нашето општество
Опис
На ден 22.10.2024 година, X профилот „@mkrobot“ објави слика од фактура издадена од фирмата „ЛИМАК ДОО СКОПЈЕ“, која продава станови во комплексот „DIAMOND“ во Скопје, а во прилог на сликата напиша: „Сагата со DIAMOND, гнојот во центарот на Скопје,продолжува на ново ниво. Кај уште не даваат имотни листови, дури ни ставија нова ставка за адвокатски трошоци што ги имаат поради тоа што им се буниме и им бараме објаснувања, и тоа пази .... само на тие што се бунеа:) какви копита.“ Во делот за коментари, под објавата, корисникот „@Jovanowsky“ напиша: „Турските инвестиции во Скопје се канцер на нашето општество. Таа секта треба да биде дигната на клоци од овде!“, при што, употреби говор на омраза насочен кон турското население, нарекувајќи ги: „секта“.
Напомена: За рабирање на контекстот на говорот на омраза насочен кон турското население, потребно е да се знае дека, наводно, комплексот „DIAMOND“ е турска инвестиција во РСМ.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа
Вид на говор: Повикување и поттикнување дискриминација

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Твитер

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0