На 10 септември порталот Идол.мк на соцјалната мрежа фејсбук сподели вест за тоа дека македонката Монија Станојкова влезе во реалното шоу „Задруга“ кое се емитува во Србија. Во делот на коментарите може да се забележи дека голем број на лица (во најголем број мажи) ја исмеваат поради нејзината тежина, но и поради фактот дека е влезена во таков тип на шоу. Исто така може да се забележи дека во сите портали кои ја споделиле оваа вест, коментарите се исти. По 9 дена девојката била исфрлена од шоуто и голем број на портали исто така ја споделиле веста. Во коментарите може да се абележи дека повторно се шират негативни коментари за девојката.