На ден 01 август фејсбук страницата на Коха.нет сподели вест поврзана со мечот помеѓу Карини и Келиф. Во однос на коментарите може да се забележи дека има дел од луѓето што сметаат дека Келиф е жена и дека мечот бил фер, но има и дел што мислат дека е маж и дека е неправедно мажи да се борат со жени. Тоа што можев да го забележам во однос на оваа вест е тоа дека и македонските портали ја споделуваа истата вест, но за жал коментарите во овие портали беа погруби и дискриминаторски.