Верифицирано

ОПЕРАЦИЈА ПЛАНИНСКА БУРА

14:00 Nov 7 2023 Скопје

ОПЕРАЦИЈА ПЛАНИНСКА БУРА ОПЕРАЦИЈА ПЛАНИНСКА БУРА
Опис
На ден 07.11.2023 во 2:00 pm на Фејсбук од страна на порталот Патриотско друштво е објавен пост со наслов: “ОПЕРАЦИЈА ПЛАНИНСКА БУРА
Пред едностраното прогласување независност на Косово, албанските терористички елементи беа раздвижени да послужат на косовските политичари и да предизвикаат немири доколку се јави таква потреба. Нивната активност беше забележана и во Македонија. Лицата кои дејствуваа и провоцираа во северозападна Македонија беа добро познати на македонските структури. Министерството за внатрешни работи во ноември 2007 година подготви и беспрекорно изврши антитерористичка операција која го носеше името „Планинска бура“.
Операцијата започна во селото Бродец, Тетовско. Македонските сили предводени од ЕСЗ „Тигар“ и ЕБР дури 10 часа се бореа со криминалната група во која освен терористички имало и вахабистички елементи. Македонската полиција доби поддршка и од хеликоптери на Армијата. Исплашените терористи бегаа и се криеја по селските куќи, џамијата или пак дури бегаа преку границата. Официјалниот извештај по операцијата открива дека биле убиени осум, ранети 11, а уапсени 69 албански терористи. Меѓу убиените биле познатите екстремисти Рамадан Шити, Фисник Мети познат како командант Челику, мештанот Фисник Мети, Фидан Фјезулаху од Косово. Еден од убиените е непознат. Од Фејзулаху и Гавази Имер можеме да видиме дека косовски Албанци земале директно учество во припремите и нападот.
Според македонските безбедносни сили, запленетото оружје било доволно за вооружување на дури 150 лица и водење на пожестоки борби. Наводно некои од убиените терористи биле роднини на членови на тогашното раководство на ДУИ. При претресот на селото биле конфискувани три минофрлачи, 111 артилериски гранати, 4 противвоздуши ракетни системи, антитенковски оружја, рачен ракетен фрлач „Зоља“ и огромна количина на експлозиви. “ и е забележан коментар со говор на омраза врз основ на етничка и национална припадност



Vlatko Damjan Kocev
Тоа секој го знаеше дека беа косовски и албански терористи и албански терористи од државата блиски роднини на терористичка дуи зошто и се дозволи сето ова на овие душмани на државата и народот македонски уште тогаш требаше да се реши сето тоа за да не дојде сето ова што се случува!
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: Патриотско друштво

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0