На ден 26.07.2020-та година, во 09:53 часот е забележан говор на омраза поради социјално потекло, објавен од твитер профилот @nasuzemaliot. Во твитот пишува „Кога како мал од влегување до излегување во супермаркет трчав по мајка ми меѓу рафтовите и викав: мамо ај да го купиме ова, мамо добар ќе бидам мамо ако не ми го купиш ова тука ќе останам, мамо ќе побегнам од дома мамо ќе ги викнам циганите да ме земат и слични креативни закани.“