На ден 12.04.2020-та година, во 12:45 часот е нотиран говор на омраза поради социјално потекло/етничка припадност, објавен како коментар од твитер профилот @zlatkothegoldy. Во постот напишан од официјалниот профил на град Скопје, кој реагира на вандализмот со палењето на летниковецот во парк шумата Гази баба, коментира @zlatkothegoldy, кој пишува „кој се шета за време на полициски час партнери на СДСМ цигани и шиптари нека пишат на цигански и на шиптарски може и ќе допре до нивните закржлавени виуги“