Вест на поратлот скопје24.мк, кој е класичен пример за говор на омраза и наменета едиствено за да собере повеќе кликања на истата. Наводно, скопјанка студенка ги опишува колешките од внатрешноста кои доаѓаат во Скопје и се дружат со скопјанки само за да ги искористат и да најдат скопјанец, како што се вели во неколку наврати во текстот, „со длабок џеб“. На тој начин, според авторот на тесктот, е уништен главниот град од страна на провинцијалките. Објавата покасно е реобјавена на низа „портали“, а само на постот на ФБ на скопје24.мк, има преку 400 коментари, во кои се разбира исто така има говор на омраза кон „се што не е од Скопје“.