На ден 22.12.2024 година, X профилот „@tinkachot “ објави слика од студентските протести во Белград, а во прилог на сликата, напиша: „Не сфаќам како некои Македонци толку многу го сакаат Вучиќ и кажуваат како он е „добар“. Па сигурно ти како Македонец не знаеш повеќе од кој било граѓанин на Србија кој живее во таа држава и секојдневно ги чувстува негативните исходи од владеењето на СНС“. Во коментарите, под објавата, Х корисникот „@makedonac14“ напиша: „Незадоволство дека нема пари народот, да зимаа над 1000€ , ќе ги видев дали за правда ќе протестираат. Плус кое браво, чим опозиција е вмешана...типични шарени педерчиња по она што може да се види.“ Со ваквиот коментар, корисникот користи говор на омраза насочен кон припадниците на геј заедницата, преку зборот: „педерчиња“.