Верифицирано

Радев со нови провокации

17:42 Oct 3 2025 Струмица

Опис
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно испрати провокативни пораки кон Македонија за време на официјалната презентација на фототипското издание на „Македонски алманах“, објавен во 1940 година во Индијанаполис од страна на Македонската патриотска организација (МПО).

Радев изјави дека за да се гради добрососедство и доверба, потребно е да се направи исчекор кон „историската вистина“ и дека сите политичари и млади треба да се свртат кон делото, кое според него претставува „непроценливо сведоштво за милениумскиот бугарски идентитет и јазик“.

„На страниците од оваа возбудлива книга гледаме како се одвива цела ера со своите стремежи, возбуда, идеи и идеали“, рече Радев, нагласувајќи дека алманахот е доказ за „вечната кауза на македонските Бугари и нивната борба за зачувување на бугарскиот дух“. Тој додаде дека Македонците во САД, Канада и Австралија, обединети во редовите на Бугарското национално собрание, биле активни во создавање училишта, цркви и народни домови преку океанот, останувајќи силно посветени на „борбата за слобода и правда на македонските Бугари“.
Повеќе податоци
Кривични дела: Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците
Вид на говор: Вознемирувачки говор/Сексуално вознемирување

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Интернет портал

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Говор на омраза

11:40 Jul 06, 2014

Струмица, 0 Kms

Моден Раздор

05:22 Aug 08, 2018

Струмица, 0 Kms

Браќа цигани кај својот брат циган

23:12 Apr 20, 2020

Струмица, 0 Kms