Почитувани,
Поради личен револт а воедно повреда на законите на Република Македонија, соогласно законот за кривични постапки во Република Македонија си земам за право да го пријавам, Господинот Сергеј Варошлија, кој на националната Телевизија 1, во емисијата Студио 1 тема Мода, си зема за право, користејќи недолични изрази, навреди, и злоупотреба на лични податоци,за дискриманторни цели и зајакнување на сопственото его и имиџ за повеќе гледаност на рубриката, навредува млади девојки, користејќи го нивното име на социјалната мрежа Инстаграм и покажувајќи локации на кои се направени фотографиите.
Сметам дека телевизиискиот начин на ширење на говор на омраза, треба еднаш засекогаш да се искорени, да се санкционираат соодветно говорниците на омраза кои си лечат сопствени комплекси врз невините жртви.