ui_main.verified

Мицковски повторно халуцинира – СДСМ

15:14 Aug 15 2025 Штип

Мицковски повторно халуцинира – СДСМ Мицковски повторно халуцинира – СДСМ Мицковски повторно халуцинира – СДСМ
ui_main.reports_description
На ден 15.08.2025 година, политичката партија СДСМ, на својот фејсбук профил „СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија“, објави слика од премиерот на РСМ, Христијан Мицкоски, а во прилог на објавената слика напишаа: „Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа. На секојдневните јавни настапи „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ Мицкоски се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин. СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали? Доколку навистина постојат наредниот пат нека се потруди нека ги научи на памет и нека ги посочи со име и онака не се премногу за да ги запамети. Изјавите како четврта економија во Европа, шеста економија во свет по инвестиции се само резултат на розовите очила кои очигледно ги носи премиерот. Реалната слика е следна, Македонија е четврта во Европа, но одзади и тоа на листата на најсиромашни земји во Европа. Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу најсиромашните европски држави, според најновите податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител. Според анализите, БДП по жител изнесува 8.751 долар, а според паритетот на куповна моќ (PPP) – 19.290 долари. Ова е резултат пред се на безидејноста на македонската Влада која ја закочи европската иднина на државата, а младите просперитетот го гледаат надвор од своето родно место. Само минатиот месец имаме покачување на невработеноста за 2900 лица, а во мандатот на Владата на Мицкоски имаме повеќе од 32 илјади затворени работни места. Најголем дел од овие луѓе ја напуштиле државата и си заминале по белиот свет да побараат подобра шанса за успех и просперитет. За жал ниту еден фејк статистички податок овие млади луѓе нема да ги врати назад.“. Во коментар под објавата, фејсбук корисникот „Liljana Ristova“ коментира: „Вие животните од СДСМ го избришавте името МАКЕДОНИЈА, старо 12.000 години, прв топоним во светот. Има ли поголем злочин од тоа? ГОСПОД ДА ВЕ ИСКОРЕНИ! СО СЀ ДЕЦА, ВНУЦИ, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ВАС ПРОКЛЕТНИЦИ!!!“. Со ваквиот коментар, корисникот користи говор на омраза пропратен со повик за насилство, насочен кон членовите и симпатизерите на политичката партија СДСМ.
ui_main.additional_data
Кривични дела: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
Вид на говор: Говор на омраза

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


ui_main.credibility: UP DOWN 0