Верифицирано

ДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА

11:10 Dec 3 2024 Штип

ДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА ДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА
Опис
На ден 03.12.2024 година, Веб порталот „Родина“ објави текст насловен како: „ДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА?“, во кој се зборува за Лила Милиќ, добитничка на државната награда „Мето Јовановски“, за промоција, заштита и унапредувањето на човековите права. Имено, Лила Милиќ е трансродово лице – активист за човекови права и родова еднаковст. Во статијата, порталот наведува дела: „Владата на „ВМРО“-ДП(М)НЕ до запирка ги спроведува истите агенди како и СДС, а тоа се продолжение на бришење на институциите од македонски во национални и промовирање на трансродови агенди. Нашето македонско општество има дефицит од морал, традиционални и православни вредности, повеќедетни семејства, а има вишок на неморал, декаденција, разврат, неолиберални идеологии. Промовирање на овакви вредности од страна на државата е пример кој е погрешен и кој многу наши македонски деца ќе го сфатат како нешто нормално, а е ненормално. Родина Македонија останува посветена на спречување на сите штетни идеологии и системи кои имаат за цел, целосен пад на македонскиот народ.“ Во овој извадок од статијата, јасно се забележува говор на омраза насочен кон припадниците на LGBTQIA+ заедницата.
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа
Вид на говор: Повикување и поттикнување дискриминација

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Интернет портал
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: rodina.org.mk

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0