Порталот маркукуле.мк на 05.07.2020 год. има објавено „вест“ на својата официјална фејсбук страна во која пренесуваат политички статус на, како што велат тие, возачот на градоначалникот на Прилеп. Во статусот таргетираниот дава своја прогноза за изборите и за евентуалната „демнотажа“ на ВМРО-ДПМНЕ после изборите. Веста е објавена тендициозно со наслов „шоферот на градоначалникот се закани кон ВМРО-ДПМНЕ..“, на што следат над 100 коментари исполнети со омраза и закани насочени кон личноста, како на пр.:„види му го суратот малоумен“, „Специјална единица ќе има од вмро за вакви лигуши и заканувачи“, „тешко тебе ако изгубите“, „ќе му дојде крајот и на ваквите“, „го*но предавничко“, „прилепчани дај предвреме соберете му се едни ќотек удрете му..“ и др.