ui_main.verified
Гребенаров: Ако продолжи трендот со бугарските пасоши, тогаш Македонците ќе бараат место во Уставот! Според бугарскиот историчар, 250 илјади граѓани на Македонија имаат државјанство и на Бугарија
19:11 Dec 11 2025
Кавадарци
ui_main.reports_description
Бугарскиот професор и историчар Александар Гребенаров „изброи“ 250.000 македонски граѓани со бугарски пасош, поради што на Македонците им предвиде дека ќе се нашле во ситуација да бараат место во македонскиот устав како Бугарите сега?!
„За период од 10 години 216 илјади македонски граѓани добиле бугарски пасоши, каде што признале дека имаат бугарска свест. Мислам дека има 250 илјади македонски граѓани со бугарски пасоши. Ако овој тренд продолжи, тогаш Македонците ќе се борат за своето место во Уставот во ‘морето’ исполнето со Албанци и Бугари“, изјави Гребенаров во интервју за Љајм ТВ.
Според него, Македонија мора да го почитува т.н. Француски предлог, бидејќи самата го одобрила.
„Северна Македонија е должна да го почитува Францускиот предлог, тој документ беше прифатен како таков, го потпишаа поранешните министри за надворешни работи од тоа време, г-ѓа Генчовска и г-дин Османи. Не сакам да навлегувам во историски детали, но Македонија во Средниот век се нарекувала ‘Долна Бугарија’, а просветителите познати на историјата зборувале и пишувале на бугарски јазик, бидејќи во тоа време немало ниту Македонија ниту Македонци. До Првата светска војна термините ‘Македонија’ или ‘Македонци’ отсуствуваат од историјата“, додаде Гребенаров од Македонскиот научен институт од Софија во интервјуто водено од поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
ui_main.additional_data
| Кривични дела: | Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците,Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа |
|
|
|
|
Место каде се случил говор на омраза
|
|
|
|
Незадолжителни податоци – Опис на сторителот
| ui_main.credibility: |
 |
 |
0 |
|
ui_main.additional_reports
23:57 Apr 12, 2020
Кавадарци, 0 Kms
17:34 Jul 14, 2023
Кавадарци, 0 Kms
14:31 Dec 04, 2023
Кавадарци, 0 Kms
20:31 May 27, 2024
Кавадарци, 0 Kms
23:39 Jun 11, 2024
Кавадарци, 0 Kms