Верифицирано

Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив

13:38 Aug 24 2025 Штип

Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив
Опис
На ден 24.08.2025 година, локалната локалната штипска телевизија „Телевизија Стар“, на својот фејсбук профил „Tv Star – Телевизија Стар“, објави видео од инцидент на фудбалски натпревар меѓу пионерите на ФК Брегалница и Шкупи, кој се случи во Штип, на 24.08.2025 година, а во прилог на видеото, напиша: „ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Родители и навивачи на ФК Шкупи влегоа на терен и тепаа се пред нив на натпревар против ФК Брегалница. Неофицијално, повредени се неколку деца Натепани се дел од екипата на помлади пионери на ФК Брегалница, за време на денешниот натпревар со ФК Шкупи од Скопје. Инцидентот се случил на теренот на Бело брдо,при крајот на второто полувреме,при водство на Брегалница од 2 – 1. Инцијална каписла за инцидентот бил моментот кога судијата му покажал црвен картон на еден од играчите на ФК Шкупи. Во тој момент на теренот влетал родителот на исклученото дете и со клоци и тупаници се нафрлил на еден од играчите на ФК Брегалница. Неговиот пример го следеле уште неколку родители на гостинските играчи. Во тој хаос, раководството на помладите пионери на Брегалница успеале да ја смират ситуацијата и натпреварот бил доигран, и резултатот останал, Повикана била и полиција, а на местото на настанот излегол и дежурен јавен обвинител од ОЈО Штип. Истрагата за инцидентот е во тек.“ Во коментар под објавата, корисникот „Lile Simonovska“ коментира: „Што знае племе што се правила што е судија. Не знае тоа племе за цивилизирано однесување. Само за ќотек и планина знае како во Југославија.“ Забележан е говор на омраза кон албанското население преку зборот: „племе“. Корисникот „Драган Рогожарски“ коментира: „Абе згази ги како пикавци, да не и текне Штип на мапа да го барат.“ Корисникот овде повикува на насилство кон албанското население. На овој коментар, корисникот „Florim Krasniqi“ реплицира со емоџи во форма на банана, а корисникот „Драган Рогожарски“ одговара со: „сапун еден ден сите ке се врне 1945та“. Со ваквиот коментар, корисникот користи говор на омраза кон албанското население со референци од нацистичка идеологија, алудирајќи на гасните комори на смртта кои се користени во Втората светска војна. Во коментар под објавеното видео, корисникот „Горан Зорановски“ коментира: „Племе диво...деца на ѓаволот“. Корисникот „Saso Georgievski“ коментира: „со кое право има шиптар да бара во нашиот крај, одете си во албанија тоа е ваша држава“. Корисникот „Stefan Mitev“ коментира: „И во Штип давате шиптарите децата да ви ги тепат? Ќе дозволите вашите деца пред вас да бидат тепани? Утепајте се прво вие“. Корисникот „Nikola Trencovski“ коментира: „Диво племе невоспитано“. Корисникот „Spase Conev“ коментира: „Болно и диво племе и во спортот применуват силиџиство и примитивизам!:(“. Сите овие коментари користат говор на омраза кон албанското население.
Повеќе податоци
Кривични дела: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
Вид на говор: Говор на омраза

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Телевизија
Ако се работи за телевизија, весник, радио или интернет портал ве молиме специфицирајте кои:: Телевизија Стар - Штип
Јавен настан: Спортски натпревар

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0