Верифицирано
Се појави и Џамбаски, со нова навреда: Македонија била „Мики Маус нација“ измислена во Кремљ во 1934 година
02:35 Jun 6 2025
Битола
Опис
По повод резолуцијата на Вајц, се јави и контраверзниот бугарскиот политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски кој го поздрави одложувањето на расправата пред комисијата за надворешни работи во европскиот парламент, но упати и нови навреди кон Македонија.
„Комитетот за надворешни работи на европскиот парламент штотуку го одложи гласањето за скандалозниот антибугарски извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ од известувачот Вајц за 24 јуни. Овој период мора да се искористи максимално, и од бугарските власти и од секој Бугарин. Ги имаме телефоните и електронските пошти на водечките европски претставници. да ги повикаме, да ги чуеме, да им ги испратиме нашите ставови. нека чујат, нека знаат. Нема вековен македонски идентитет – постои бугарска историја и Мики Маус „нација„ измислена во Кремљ во 1934 година“, стои во навредувачката објава на еден од лидерите на контроверзната крајнодесничарка партија ВМРО БНД.
Повеќе податоци
| Кривични дела: | Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците |
| Вид на говор: | Вознемирувачки говор/Сексуално вознемирување |
|
|
|
Место каде се случил говор на омраза
|
|
|
|
Незадолжителни податоци – Опис на сторителот
| Веродостојност: |
 |
 |
0 |
|
Повеќе пријави
13:23 May 23, 2014
Битола, 0 Kms
13:07 Aug 03, 2014
Битола, 0 Kms
01:57 Aug 07, 2017
Битола, 0 Kms
07:49 Dec 27, 2019
Фејсбук, 0 Kms
09:24 Mar 12, 2020
Битола, ул. Јане Сандански, зграда Шехерезада, 0 Kms