На ден 11.03.2025 година, X профилот „@makedonski_ris“, на својот Х профил, напиша: „Фин, културен, образован, исполнет, современ лик. Прошетан. И стануваш сабајле и сфаќаш дека те владеат неписмени идиоти, кретени, вмрони. Ти водат држава. И немаш некоја мака со тоа. Епа ради тебе е ваква ситуацијава. Стај прст на чело. Од тебе зависи. Апсолутно.“ Во делот за коментари, под објавата, Х корисникот „@Fen0Menalen“ коментира: „све испродадовте по бугаришта, грцишта , шиптаришта море копиле едно, све да ти ебам по список“. Со ваквиот коментар, корисникот користи говор на омраза кон бугарското, грчкото и албанското население, преку зборовите: „ бугаришта“, „грцишта“ и „шиптаришта“.