На ден 07.03.2025 година, X профилот „@NaUmotZijan“, на својот Х профил, објави слика од вест во која се зборува за именување на нов јавен обвинител во ОЈО Охрид. Во прилог на објавената слика, корисникот напиша: „Уш шериф ни фалеше и америте ни пратија...Чекај бе, не се америте борецот со четирите струи на #дпсмне и петтата на #ЕВН @MickoskiHM ни прати“. Истиот корисник ја реобјави оваа објава, а во прилог на истата, напиша: „Јавниот обвинител шиптар, народниот обвинител шиптар, добре дојдовте во Кандахар“. Со ваквата реобјава, корисникот користи говор на омраза насочен кон албанското население, преку зборот: „шиптар“.