Неверифицирани

Говор на омраза

11:40 Jul 6 2014 Струмица

Опис
Бев на посета кај биска другарка во болница, кога влезе еден доктор и почна со висок тон да кажува на луѓето кои што беа на посета:
- “Ѓупци и на ѓупците, марш надвор да не ве гледам оти сите ќе ве убијам... Обоени и на обоените,чергари..”
Не помина многу време, на истиот доктор двајца мажи го прашаа за состојбата на нивните жени а тој повторно:
- “Сељаци смрдливи, шо ви е гајле на вас, бегајте да не ве гледам!”
Подоцна една жена во години многу офкаше и нејзината ќерка го виде истиот доктор и отиде да го замоли да и стават нешто на нејзината мајка против болки
- “Тргни ми се од пред пато, кукумавко една и не ми се обраќај да не ти го сечам прсто”
Од луѓето кои што беа на тоа оделение дознав дека ова се случува секој ден и ова е вообичаено однесување за докторот, кој правел пластични операции. Исто така дознав и дека порано бил суспендиран поради слично однесување.
Повеќе податоци

Место каде се случил говор на омраза

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0