Верифицирано
Говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет
15:52 Jan 31 2020
Скопје
Опис
Лицето Климе Новески Македонец на својот фејсбук профил објавил фотографија од настан организиран од страна на Комитет и ЛГБТИ Центар за поддршка. На истата фотографија споделена на соцјалната мрежа Фејсбук пријавеното лице Климе Новески Македонец реагирал “Гледам на кој начин е креиран настан на ФБ од страна на т.н. ЛГБТ заедница за 02.02., т.н. ден на хомосексуалците. Се прашувам зошто ставање ореоли на светители над чинот на блудот? Зошто е наречен „Куќна слава“? Зошто спомнување на „Врховни свештеници“ олицетворени во хомо ди-џеји? Нема ли некој „покреативен“ начин да се креира ваков блуд од настан, а да не се провоцираат верниците кои на Бога се надеваат? Дали им пречи на „маргинализираните“ совеста која ги потсетува на нивното сквернавење на телото и духот па затоа хулат на Бога и јавно промовираат провокација со таква енергија, небаре им е ускратено правото на корка леб од неразбраното мнозинство кое го сака традиционалниот и единствен природен начин на живот?
И после ќеве мразат и ќе ве тепаат. Е па „Како ќе си постелиш, така и ќе си легниш“.
Ова пријава се поднесува против лицето Климе Новески Македонец затоа што:
Постои основано сомнение дека на ден 29-Јануари 2020 преку компјутерски систем – социјална мрежа Фејсбук, репрезентира идеја односно теорија со која потикнува омраза на поради сексуална ориентација или родов идентитет
Со што би го сторил кривичното дело предвидено во член 394 г ст 1 од КЗ: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Со овие преземени дејствија постои основано сомнение дека пријавеното лице Климе Новески Македонец сторил кривично дело предвидено во член 394 г ст 1 од КЗ: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.. Како доказ ги приложуваме: линк од објавата на социјалната мрежа Фејсбук и портал, и слики од истата објава
Повеќе податоци
|
Кривични дела: | Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем |
|
|
|
Место каде се случил говор на омраза
Пријавивте ли во полиција?: | да |
|
|
|
Дали пријавивте на друго место?: | Не пријавив на друго место |
|
|
|
|
Незадолжителни податоци – Опис на сторителот
Веродостојност: |
|
|
0 |
|
Повеќе пријави
22:21 Jul 27, 2023
Скопје, 0 Kms
15:39 Aug 13, 2023
Скопје, 0 Kms
15:24 Aug 15, 2023
Скопје, 0 Kms
03:41 Aug 04, 2023
Скопје, 0 Kms
18:29 Aug 28, 2023
Скопје, 0 Kms