Верифицирано

"Хомосексуалноста е самоуништување!"-Говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет

21:41 Jun 7 2019 Скопје

Опис
На ден 07.06.2019 (Петок), забележан е говор на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет како и говор на омраза поради пол и род на објава во Фејсбук групата "СЛОВО Против Сектите" и истата гласи: "Прочитајте и споделете, превземете ДЕМОНОТ НА ХОМОСЕКСУАЛИЗМОТПрво, долу напишаното, е напишано со голема тага и со длабока емпатија. Ништо лично кон оние што во моментот се чувствуваат или живеат хомосексуално. Различноста не треба да раздвојува, туку треба да спојува. Кога сме споени и кога живееме во заедница треба да си ги кажуваме нештата пред очи, не зад грб, да се посоветуваме и да се корегираме укажувајќи си на грешките. Ништо не е упатено лично кон геј определените личности, туку е упатено кон демонот на хомосексуалниот грев кој се вгнездил во тие интелегентни, креативни, полни со таленти луѓе, не помалку умни и убави од останатите. Тие не се различни, различен е патот по кој тргнале. Нивниот пат води во ќорсокак. Денес човекот на сите континенти живее за да ја најде својата среќа, да ја сретне својата љубов и да има СВОИ деца на кој ќе им` го остави споменот за себе споделувајќи љубов со нив, посветувајќи им` дел од својот живот.Повиканите од оваа група, самите се издвојуваат. Прво се издвојуваат, за потоа да бараат право да бидат заедно со останатите, осудувајќи ги останатите како се непријателски настроени кон нив. Ваквиот начин на општење во пошироката заедница, пред се` е показател за тоа, дека се работи за една нестабилност во сопствените погледи.Лажната слобода што ја пропагираат, ги носи во затворен круг. Хомосексуалноста е самоуништување! Таа не води кон прогрес на човештвото! Трајноста на човештвото не се темели на хомосексуалност, туку на односот меѓу мажот и жената како ко-создатели на животот заедно со (односно преку) Бога!Најмногу збунува фактот (за кој треба сериозно да размислат, доколку навистина сакаат сами себе да се разберат, за да потоа и другите да ги разберат) што сакаат да имаат партнерски однос, при тоа во него да се знае кој(а) е маж, а ко(а)ј е жена!? Тоа навистина треба да го образложат! Нека останат жена и жена, маж и маж! Зошто повторно ги мешаат работите (односите) од кои се одвоиле, или зошто повторно дозволуваат да паднат во “замката” на неслободата!?Тоа што сакаат да имаат деца е врв на лудилото со кое хомоселсуалниот демон ликува и најмногу се радува! Тоа му е, и, крајната цел! Нема семејство, нема крвно сродство, нема традиција, нема заедничко сеќавање, не може внукот да заличи на бабата или дедото ( како ќе дојде – на двете баби?!), уште помалку на таткото или на мајката. Нема љубов!Децата се чеда на сопствената рожба, инаку не се деца! Видливо е дека во вакви, т.н. бракови, остануваат осактени човечки души и душичња. Чедноста го чини човекот човек. Чедноста му ја дава на човекот можноста да се врати во прегратките на Творецот, со покајување да влезе во вистинскиот живот, а вистинскиот живот е токму тоа – обестрастнување!Сексуалноста на човекот му служи, и, човекот не треба да стане нејзин роб. Сексуалноста е почеток, таа е во телото, но не смее да стане тело во умот.Дали хомосексуализмот е тргнување по крив пат од себичност, инает, прелест, омраза, освета, злодело, лудило, болест...Дали кога го сакате телото на истиот пол значи слобода во изборот на партнер и слобода во љубењето? Влегувате во врска со партнер кој го има она што го имате вие! Дали тоа значи дека многу се сакате или многу се мразите!? Зошто не го прифаќате телото на оној од спротивниот пол! Дали имате аверзија кон различното, или имате проблем со своето! Како можете да знаете кој сте и какви сте кога не си давате можност да се соочите со својата природа, во оној однос, кој ќе ви го овозможи тоа. На жената ѝ е потребен маж за да се осознае како жена, а на мажот жената!Тој однос има цел, а целта е раѓање нов живот! Зошто, ќе се прашате? Тоа е тајна, една од Божјите тајни, која е повторно спасителна за човекот. Човекот мора да се раѓа, зашто е создаден од Бога Творецот на се` што постои. Тоа е тајна, и, закон! Останува изборот наш, личен, но спасението останува според законот, за војла на вистината...Хомосексуализмот не може да ја определува љубовта, ниту може во името на љубовта да воспоставува нови правила, нови односи, да измислува нови животи! Сите оние кои што зборуваат за љубовта треба да имаат на ум дека зборуваат за голема Тајна до која се стигнува со чистота на телото и умот, со чедност на срцето.Но, не да се стане роб на изборот, не да се злоупотребува слободата, не да се заведуваат другите со повеќезначните пароли, максими и транспаренти за различностите. Кога станува збор за хомосекуалци дали се работи за луѓе кои се сакаат сами себе (запечатена суета) или пак, толку длабоко се исфрустирани што немаат сила да се соочат со себе, не се сакаат себе си и својата природа, па не сакаат да се почувствуваат на вистински начин преку оние што ќе ги надополнат ( спротивниот пол, природно). Од тука се гледа дека пол е само едната страна на целото и треба да се надополни. Па и физичките закони ја потврдуват вистината дека истите полови се одбиваат а спротивните се спојуваат! Но, ок.... Практично се казнуваат сами себе при тоа им се потребни партнери со кои ќе го реализираат таа казна (длабоко несвесни за таа спрега). Кој сето тоа го има наметнато и зошто!? И како го предизвикува!?Она што е создадено од Оној што се` создаде, нема потреба да се наметнува. Тоа што има смисла постои со самата смисла. Тоа е завршено дело. А завршено е, ако е добро.Кога Бог виде дека се` е добро, седна и се одмори!".
Повеќе податоци
Кривични дела: Предизвикување омраза раздор или нетрпеливост врз национална расна верска и друга дискриминаторска основа
Вие сте: Сведок

Место каде се случил говор на омраза

Медиум: Фејсбук

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN -1